Навивачите на Реал го кажаа своето, ред е на раководството да реализира голем трансфер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повеќе од 100.000 навивачи на Реал Мадрид учестуваа во анкетата која ја спроведе Марка, а во која го бираа идеалното засилување на својот тим.

Се бираше помеѓу Хари Кејн, Еден Азар, Роберт Левандовски, Нејмар, Килијан Мбапе, Мауро Икарди и Пауло Дибала, а апсолутен победник беше Хари Кејн.

Напаѓачот на Тотенхем доби 34% од гласовите и убедливо заврши прв. Зад себе го остави Нејмар кој доби 23 посто од гласовите, додека пак трет беше Еден Азар.

Остатокот од играчите не добија голема доверба од страна на навивачите, сепак не треба да се чудиме доколку некој од овие играчи заврши во Кралскиот клуб.

Моментално највеќе со Кралевите се поврзува Еден Азар, а потоа Мауро Икарди и Пауло Дибала.