Клаван го спаси Ливерпул против Барнли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во терминот од 16 часот беа одиграни три натпревари од 22. коло од Премиер лигата кои понудија доста возбудувања.

Најинтересниот меч го одиграа Барнли и Ливерпул кој заврши во корист на „црвените“. Ливерпул стигна до водство преку Саидо Мане во 61. минута. Гудмунсон во 88. минута го шокираше гостинскиот тим со погодок за израмнување.

Кога се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Рагнар Клаван ја смести топката во мрежата на Поуп за голема радост на Јирген Клоп.

Германецот денес го комбинираше составот и во него не беа првите „виолини“ Кутињо, Салах и Фирмино.

Резултати:

Брајтон- Бурнемут 2:2

Барнли- Ливерпул 1:2

Лестер- Хадерсфилд 3:0

Стоук- Њукасл 0:1