Ливерпул ќе го тужи „Најк“ поради Кутињо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челниците на Ливерпул денес објавија дека подготвуваат тужба за „Најк“ поради ситуацијата околу Фелипе Кутињо.

Имено, случајно или не, „Најк“ на својот официјален сајт објави дека Кутињо во следните денови ќе потпише договор со Барселона, па набрзо сите симпатизери на „Каталонците“ ќе може да го купат неговиот дрес.

Набрзо објавата беше избришана, но беше доцна зошто веќе стана хит на интернет. Многумина веруваат дека „Најк“ на тој начин сакал да открие дека Кутињо сака да премине во Барселона и затоа ќе завршат на суд.

Од Ливерпул објавија дека ќе го тужат „Најк“ доколку не им објаснат зошто го објавиле спорниот текст.