Хуан Мата прогласен за играч на годината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најтиражниот британски весник „Гардијан“ го избра Хуан Мата за играч на годината во Англија.

Наградата „Гардијан играч на годината“ е награда која се доделува на играч кој направил нешто посебно во годината што изминала, помогнал на други лица или бил пример за другите со својата добрина и хуманост.

Хуан Мата минатата година покрена хуманитарна акција со името „Заедничка цел“каде ги повика фудбалерите да донираат 1% од својата плата во хуманитарни цели. На неговата иницијатива се приклучија повеќе фудбалери и акцијата станува се помасовна.

Мора да се признае дека потегот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед е голем и заслужува респект.