Манчестер Јунајтед триумфираше на „Гудисон парк“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа на гостувањето кај Евертон со 2:0 во рамките од 22.коло од Премиер лигата.

Избраниците на Мурињо конечно успеаја да запишат нови три бода на тешкото гостување против Евертон. „Црвените ѓаволи“ работата ја завршија во второто полувреме кога со двата прекрасни голови на Марсијал и Лингард ги обезбедија трите бода.

Најпрво Марсијал во 57. минута го отвори резултатот, а конечниот резултат го постави Џеси Лингард кој постигна фантастичен гол.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед се врати на втората позиција каде ќе остане најмалку до среда кога Челси го игра дербито со Арсенал на „Емирати“.