Реал во следните неколку дена добива ново засилување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага ќе стане играч на Реал Мадрид во следните неколку денови.

Шпанскиот голман влезе во последните шест месеци од неговиот договор со Баскијците и има слобода да преговара со Реал Мадрид. „Кралевите“ нема да преговараат со Атлетик туку веднаш ќе ја активираат неговата откупна клаузула од 20 милиони евра со цел да ги обезбедат неговите услуги.

Менаџерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака да го обезбеди неговиот потпис што е можно побрзо па многу е веројатно трансферот да се реализира оваа недела.