Мурињо тргнува во акција, доби дозвола да ја активира клаузулата на играчот на Наполи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на англиските и италијанските медиуми, Жозе Мурињо добил зелено светло од управата на Манчестер Јунајтед за да го донесе левиот бек на Наполи, Фејзи Гулам.

Алжирскиот репрезентативец моментално заздравува од повредата на лигаментите на коленото која ја заработи на натпреварот против Манчестер Сити.

Гулам неодамна го продолжи договорот со Наполи до 2022 година во кој има откупна клаузула од 60 милиони евра која од Манчестер Јунајтед планираат да ја активираат оваа зима.

Мурињо бара адекватно решение за левата бековска позиција на која прва опција во моментов е Ешли Јанг. Англичанецот игра одлично како лев бек, но е подложен на повреди, па португалскиот стратег бара долгорочно решение за таа позиција.

Дали трансферот ќе се реализира зависи и од Лук Шо, кој по враќањето на терените игра се подобро и доколку успее да го убеди Мурињо можно е да биде прва опција за оваа позиција во иднина.