Конте во Белград го најде првото зимско засилување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси долго време беше заинтересиран за младиот напаѓач на Селти, Муса Дембеле, но по неговиот се поизвесен трансфер во Брајтон од клубот од Лондон ќе мора да бараат нови алтернативи.

Мичи Батсуаи не е баш најдобар избор за втор напаѓач, па Антонио Конте неговата замена ја пронајде во Белград. Имено, Челси овој јануари ќе испрати понуда за играчот на Црвена Звезда, Ричмод Боачи. Боачи игра фантастично во дресот на Звезда, а од Челси се надеваат дека ќе биде одлична алтернатива за нападот.

Покрај Боачи, од Челси постои интерес и за играчот на Монако и француски репрезентативец, Томас Лемар.