Раиола откри кој негов клиент би преминал во Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот фудбалски агент изјави дека еден од неговите најбарани клиенти би сакал да направи трансфер на “Олд Трафорд”.
Раиола е задолжен за кариерата на многу фудбалски имиња, а еден од нив е играчот од средината на Борусија Дортмунд, Хенрик Микхтаријан.

Еременцот се поврзуваше со Арсенал, а претходно интерес покажа и италијански Јувентус, а до сега самиот фудбалер не се изјаснуваше јасно за тоа каде сака да ја продолжи својата кариера.

Договорот со германскиот клуб му истекува наредната сезона, па сега размислува дали да го продолжи договорот со “Милионерите” или пак да премине во друг клуб.

Во врска со неговата иднина зборуваше неговиот агент Мино Раиола.

“Манчестер Јунајтед е фантастична прилика. Микхтаријан би сакал да заигра таму”– изјави Раиола.