Обамејанг за неколку дена ќе се пресели во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал ќе ја нападне ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг кого го гледаат како идеална замена за Алексис Санчез.

Менаџерот на Арсенал, Венгер не сака да го изгуби Санчез во јануари, но ова ќе биде последна прилика клубот да заработи од неговата продажба затоа што договорот му истекува следното лето. Згора на тоа Манчестер Сити остана без Габриел Хесус кој ќе отсуствува најмалку три месеци и планира уште во јануари да го донесе чилеанскиот репрезентативец.

Поради ваквиот развој на настаните, Венгер пронајде замена во Борусија Дортмунд. „Калчомеркато“ пишува дека Обамејанг ќе пристигне како замена за Алексис во следните неколку денови.