Коста: Не можев повеќе да барам од првиот натпревар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Диего Коста изјави дека не можел повеќе да бара од првиот натпревар и дека се чувствува пресреќно.

„Не можев да барам повеќе од првиот натпревар. Повторно играм и имав среќа да постигнам и гол. Пресреќен сум, затоа што повторно се чувствувам како фудбалер.“

Коста минатата вечер го одигра првиот натпревар од враќањето во Атлетико во натпреварот во кралскиот куп и постигна гол.

Диего Коста се врати во Атлетико по неколку години поминати во Челси, а иако двата тимови за трансферот се договорија уште во септември, тој мораше да почека до јануари за да заигра, поради забраната за трансфери која ја имаше Атлетико.