Седум фудбалери остануваат без договор, а Мурињо одлучи – Четворица фудбалери остануваат, а тројца заминуваат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Многу е неизвесно каков состав ќе има Манчестер Јунајтед во наредната сезона.

Јунајтед не може туку така да се откаже од услугите на стандардните фудбалери, па ја искористи опцијата во договорот по која може да им го продолжи договорот на уште една година.

Четири фудбалери добија нов договор, а тоа се Мата, Ерера, Јанг и Блинд.

Сите 4 фудбалери ќе станеа слободни фудбалери на крајот на оваа сезона доколку Манчестер не ја искористеше оваа опција во договорот, а тоа би било голем удар за тимот на Мурињо.

Сега сите имаат договори до јуни 2019-та година.

Од друга, Фелаини одби нов договор од Јунајтед, не сака да остане, затоа што нема место за него во првиот тим, а Бешикташ е тим кој е заинтересиран за неговите услуги.

Мурињо имаше опција и да го продаде оваа зима, но не сака туку така да се прости од Фелаини кој би можел да му помогне до крајот на сезоната.

Керик исто така останува без договор, како и Ибрахимовиќ.