Валенсија доби напаѓач и тоа од Атлетико Мадрид!

0

Валенсија се засили пред продолжението на сезоната.

Станува збор за фудбалер кој пристигнува од Атлетико Мадрид, а ќе ги помине наредните 6 месеци во Валенсија.

Сега е официјално, а Валенсија се пофали со новото засилување на друштвените мрежи.

Вието со доаѓањето на Коста ја изгуби и таа мала шанса која ја имаше да заигра во тимот на Симеоне додека на Валенсија и треба фудбалер во офанзивните позиции, па овој трансфер беше логичен.

Тој имаше претходно одлична сезона во Виљареал, по што избори трансфер во Атлетико Мадрид. Но сепак не доби вистинска шанса во клубот.

Share.