Рома пронајде десен бек во Јувентус?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како ли ќе реагираат на ова навивачите на Лацио?

Мончи го сака Видал од Барселона, но по се изгледа дека немаат доволно пари, а приказната за Врсаљко е нереална, затоа што Симеоне не сака да го пушти да замине.

На сите начини Рома се обидува да се засили, а изборот падна на Лихштајнер на кој во јуни му завршува договорот.

Јувентус сака да го продаде, но тој одби да замине, па чека да стане слободен фудбалер во јуни. Можеби понуда од Рим би можела да ги сменат неговите намери, но прашање е дали Јуве ќе се согласи да засили директен конкурент за титулата.

Швајцарецот до 2010-та година играше за Лацио,а  со Јувентус освои 6 титули, па ако замине во Рома, би можел да игра и во ЛШ затоа што не беше пријавен од страна на Јувентус за тоа натпреварување.