Ливерпул замената за Кутињо ја најде во Спортинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се поизвесно е дека Фелипе Кутињо во следните денови ќе стане нов фудбалер на гигантот Барселона.

Поради тоа од Ливерпул се во постојана потрага по негова замена. Како што пишуваат португалските медиуми „црвените“ го пикирале играчот на Спортинг Лисабон, Желсон Мартинс.

22 годишниот фудбалер може да покрие на сите позиции во нападот, а оваа сезона во дресот на Спортинг Лисабон на 29 натпревари има запишано девет погодоци и седум асистенции.