Официјално – Легендата на женскиот тенис нема да игра на Австралијан Опен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската тенисерка Серена Вилијамс се откажа од настапот на Австралијан Опен.

Поранешната најдобра тенисерка во светот се врати на тенисот минатата недела по породувањето во септември, но изгуби во натпреварот против Јелена Остапенко во Абу Даби.

Одлуката за повлекување од Мелбурн, Серена ја објасни со зборовите дека не е целосно подготвена за турнирот.

„Можам да се натпреварувам, но не сакам да бидам само учесник, сакам да бидам повеќе од тоа, затоа ми е потребно малку повеќе време.“

Турнирот во Мелбурн започнува на 15-ти јануари и оваа година ќе добие нов шампион во женска конкуренција, поради тоа што претходен шампион беше токму оваа тенисерка.

Вилијамс во текот на кариерата седум пати го освојуваше Австралијан Опен.