Конте е незадоволен? Нема проблем – Челси најде замена за Италијанецот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси од наредното лето би можел да остане без Конте.

Тој во првата сезона со Челси ја освои титулата во Англија, но во оваа сезона работите се многу полоши и тие до крајот на сезоната ќе водат голема битка за пласман во ЛШ.

Многу лесно може да се случи Конте да го напушти Челси на крајот на сезоната. За тоа се зборува одамна, а раководството на тимот од Челси започна да ја бара неговата замена.

Наводно, нов тренер на актуелниот шампион на ПЛ би требало да стане Диего Симеоне. Одличниот 47-годишен тренер веќе седма година е на клупата на Атлетико со кој има одлични резултати, но дојде до заситување и тој би можело да замине во Лондон.

Што се однесува до Конте, тој најверојатно ќе се врати во Италија. Него го поврзуваат со Милан, но сеуште нема конкретни понуди.