Животот не му бил едноставен – Заработувал по 10 евра дневно, а сега е еден од најскапите фудбалери!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вирџил ван Дајк поминал долг пат од миење на садови до најскап дефанзивец во историјата на фудбалот. Ливерпул го плати овој фудбалер дури 85 милиони евра.

Пред 10 години ретко кој можел да го замисли овој фудбалер дека ќе стане светски рекордер. Тогаш 16-годишното момче од Бреда заработувало за живот со миење на садови во локален ресторан „Вујко Џин“. Дневно тој заработувал по 10-на евра.

„Беше добар работник. Секогаш добро ги миеше садовите и ја работеше својата работа чесно. Беше во ресторан во текот на две вечери со најмногу луѓе.“, се потсети сопственикот на ресторанот.

Наутро заминувал на тренинзи во локалниот клуб ВДС, а попладне работел во ресторан.

https://youtu.be/zfGjTY_eoVk

„Често му зборував да мие повеќе садови и да престане да се обидува да стане професионален фудбалер, затоа што овде може да се заработи нешто. Меѓутоа, јас не верував дека тој ќе биде платен 85 милиони евра.“

Во ресторанот денес стои неговиот дрес на ѕидот.

„Никој не го заборави тука. Тој е одлично момче. Сеуште го чуваме неговиот број на телефон. Се обидував и да му се јавам, но не да го повикам да се врати, туку да му честитам.“

Дека Ван Дајк не заборава од каде доаѓа, зборува и гестот кој го направил минатата година.

„Дојде во ВДС со потпишан дрес од холандската репрезентација. Тоа беше многу добро. Дојде со голема благодарност на својот прв клуб и луѓето кои му помогнале.“, откри еден од тренерите на овој фудбалски клуб.

Во Ливерпул тој дневно заработува околу 30.000 евра, а ќе се бори за најголемите трофеи.