Беше блиску до Барселона, сега потпишува за Евертон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Евертон е во сериозни преговори со Ница за услугите на Жан Мишел Сери.

Сери сака да се пресели во Премиер лигата, но нема да брза со одлуката, па може да почека и до летниот преоден рок за да го направи трансферот во Англија. Сепак, интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска преферира трансфер во тим кој ќе игра во Лигата на шампионите, а речиси сигурно е дека Евертон нема да биде тој тим.

Останува да видиме дали Сери ќе се пресели кај „карамелите“ овој месец или ќе чека до на лето да пристигне некоја попримамлива понуда.

Инаку, за услугите на овој фудбалер минатото лето беше заинтересирана екипата на Барселона. Тогаш Ница одби 35 милиони фунти од Каталонците  за овој фудбалер.