Работнички стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Работнички денес „ги запали моторите“ и ги стартуваше подготовките во пресрет на втората полусезона од домашниот шампионат.

Горан Станковски  попладнево ја имаше првата прозивка во клупските простории во „Градски парк“. На прозивката беа присутни сите фудбалери заедно со новото засилување Бујамин Асани кој доаѓа од редовите на Ута Арад. Покрај него присутни беа и повратниците Ристе Јанков и Марио Станковски како и Бојан Миовски кој се врати во клубот по шестмесечната авантура во Карабах.

„Почнуваме со подготовки, а паралелно со тоа ќе следи и засилувањето на играчкиот кадар. Планот за работа е веќе утврден. До 22. јануари ќе тренираме во Македонија, а потоа одиме во Анталија каде се веќе договорени четири пријателски натпревари“ – рече Станковски на првиот собир во новата година.

Работнички има закажано пријателски натпревар против Борец од Велес на 21 јануари, а веќе следниот ден патува за Анталија каде ќе одигра уште четири пријателски средби. Генералката пред стартот на сезоната „романтичарите“ ќе ја имаат против Беласица на 7. февруари.