Виландер: Федерер ќе освојува Грен Слем турнири и на 40 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер во светот, Виландер изјави дека проблемот со тенисот е тоа што многу млади играчи се како Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј.

Швеѓанецот пред почетокот на првиот Грен Слем во сезоната процени дека Федерер е во добра позиција да ја одбрани титулата.

„Верувам дека Федерер ќе игра уште 2-3 години. На Грен Слем турнирите може да биде конкурентен и на 40 години. Ќе игра се помалку турнири, затоа што сфати дека не му се потребни за да ги освојува Грен Слем турнирите. Тоа се покажа и минатата година во Австралија. Со неговиот стил на игра, талент и начин на кој го прави тоа, може сеуште да биде во игра.“, изјави Виландер.

Кога станува збор за помлади фудбалери, тој е малку оптимистичен.

„Верувам дека проблемот со младите играчи е тоа што има само неколку 20-годишни тенисери како Лејтон Хјуит во тие години или Надал, Ѓоковиќ, Мареј… верувам дека претеруваат со тренинзите во младите години и кога ќе стигнат до професионално ниво мораат сами да ги решаваат проблемите, а не се навикнати на тоа.“

Австралијан Опен започнува на 15-ти јануари.