Ѓоковиќ: Подготвен сум!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во Австралија се подготвува за првиот Грен Слем во сезоната. Иако сеуште не беше јасно дали ќе се натпреварува во Мелбурн, сепак 12-от тенисер во светот тренираше пред турнирот.

Од ¼-финалето на Вимблдон, Ѓоковиќ нема одиграно ниту еден официјален натпревар поради повреда на лактот.

Враќањето беше планирано на крајот на декември во Мубадал шампионатот, но Србинот се откажа поради повторни болки. Потоа следуваше повлекување и од турнирот во Доха.

Со луѓето кои го следат на Инстаграм тој сподели два тренинга, на кои се гледа дека без големи проблеми го удира топчето и остави порака:

„Подготвен сум.“

Спаринг партнер на Ѓоковиќ бил 22-годишнио Стефан Калдава.

Да потсетиме, Австралијан Опен започнува на 15-ти јануари.