Илиевски ја поднесе кандидатурата за претседател на МКФ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во историјата на Македонија, Владо Илиевски денес официјално ја поднесе сопствената кандидатура за прв човек на Македонската кошаркарска федерација.

Илиевски побара да се свика собрание на кое ќе се гласа за смена на моменталниот претседател на МКФ, Пеце Наумовски.

„Иницијативата е поднесена…продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија!!!“- напиша Илиевски на својот фејсбук профил.

Веќе неколку години е доста турбулентно кога во прашање е македонската кошарка, а многумина како главен виновник за тоа го посочуваат актуелниот претседател на МКФ, Пеце Наумовски.