На адреса на Реал Мадрид стигна понуда за Герет Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Велшкиот репрезентативец во дресот на Реал Мадрид, Герет Бејл конечно се врати на терените по проблемите со повреди и на натпреварот против Селта успеа да запише два погодоци.

Како што стојат работите, тоа може да бидат последните голови за него во дресот на Реал Мадрид. Причината за тоа е константното негово поврзување со разни тимови ширум светот.

Како што шпекулираат шпанските медиуми на адреса на Реал Мадрид денес стигнала понуда за Бејл од далечната Кина. Тимот на Гвангжу Евергранде сака да го види велшкиот репрезентативец во своите редови.

Гвангжу понудил 84 милиони фунти за Велшанецот кој баш и не се изнаигра во дресот на кралскиот клуб.

Сепак, Бејл веројатно нема да ја прифати понудата од Кина и доколку се одлучи да замине од Реал тоа би го сторил само доколку би се вратил во Премиер лигата. Од таму интерес за него постои од неговиот поранешен клуб Тотенхем, но и од Манчестер Јунајтед.