Милан нема повеќе да прави напори: Донарума може да замине?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан нема да го задржува, но Раиола треба да му пронајде нов клуб.

Во Милан нема да донесуваат засилувања во текот на зимата, затоа што сметаат дека доволно се засилија во текот на летото, иако резултатите не им одговараат.

Директорот Мирабели одби понуда за Силва од Кина и вели дека му верува на талентираниот напаѓач. Исто така, Чалханоглу ќе добие шанса да покаже наредната проблет дека е таков играч каков што го гледавме во Леверкузен.

Неколку играчи како Гомез може да го напуштат клубот, а што се однесува до Донарума, може и тој да замине, но во лето.

Се зборува дека Милан за него ќе бара 70 милиони евра, но ниту ПСЖ нема намера да го плати тоа и би можеле да понудат во најдобар случај околу 30-на милиони евра и да вклучат некој играч во тој трансфер.

Се чека Раиола, а што ќе каже тој, останува да видиме.