„Меси ми кажа да не им испраќам видео пораки и дека изгледам како мртовец“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал откри шокантни детали од времето кога се борел со најтешката можна болест.

Тој два пати се бореше против ракот и два пати го победи, но вечно ќе се сеќава на зборовите на Меси.

Абидал во почетокот на 2011-та година боледувал од тумор на црниот дрбо, а само два денови подоцна заминал на операција. Од првата борба излегол како победник и само неколку месеци подоцна ги одигра сите 90 минути во победата на Барселона против Манчестер Јунајтед во финалето а ЛШ.

Тој додека бил болен им праќал на соиграчите од Барселона видео пораки за поддршка пред секој натпревар, но одговорот од Меси бил катастрофален.

„Бев многу слаб, а пред натпреварите правев видео пораки за поддршка на своите соиграчи. Знаете ли што ми кажа Меси на тоа? Да не им праќам такви работи, затоа што им штетат на расположението. Исто така ми рече дека изгледам како мртовец и дека тоа ги плаши.“

Дефинитивно ова е „болна“ изјава на Меси и ќе следуваат голем број критики.