Потврдата пристигна: „Ел Флако“ сака да замине!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентинецот сака да ја смени средината, а Италијанците се надеваат на неговиот потпис.

Капитенот на ПСЖ, Силва потврди дека играчот за врска, Хавиер Пасторе сака да замине од клубот.

„Мислам дека сака да замине, но не се договорија со клубот.“, изјави Силва.

Техничкиот директор на Интер, Сабатини и понатаму верува дека ќе се обиде да го убеди Пасторе да дојде во нивниот тим.

Идејата на управата на Интер е да го донесе Пасторе на позајмица, но ПСЖ сака само да го продаде за да собере што е можно повеќе пари поради ФФП.