Шкупи сериозно се засили во пресрет на вториот дел од сезоната


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Шкупи не ги крие намерите дека сака да обезбеди пласман во горниот дел на табелата во Македонскиот шампионат.

Чаирчани во моментов се на шестата позиција на првенствената табела, а во пролетниот дел ќе влезат со амбиции за што подобар резултат и качување уште некое скалило погоре во рангирањето.

За таа цел клубот од Чаир денес потврди две големи засилувања. Најпрво Шкупи го претстави Штефан Вујчиќ кој со тимот потпиша шестмесечен договор со можност за дополнителна една година, а потоа го претстави и најдобриот голгетер во историјата на ПМФЛ, Баже Илијоски. Поранешниот напаѓач на Работнички, Металург и Пелистер со Шкупи потпиша договор кој ќе го задржи во сино белиот дрес до јуни 2019 година.