Евертон го потврди интересот за Волкот, тотална распродажба во Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Евертон се подготвени да платат околу 20 милиони фунти на Арсенал за услугите на Тео Волкот.

28 годишниот фудбалер е пред крајот на својата 12 годишна авантура во дресот на „топчиите“ откако веќе неколку години се мачи да обезбеди стандардно место во првиот тим.

„Би било многу добро доколку го добиеме, но не е неопходно. Доколку го земаме играчот тоа ќе биде само перманентен договор, ќе почекаме и ќе видиме. Во овој момент има преговори меѓу двете страни, доколку завршат добро тоа ќе биде одлично за нас според моето мислење“- коментираше тренерот на Евертон, Сем Алрдајс кога беше запрашан за трансферот на Волкот на „Гудисон“.

Покрај Евертон за англискиот репрезентативец постои сериозен интерес и од редовите на Саутемптон од каде Волкот како млад фудбалер се пресели во Арсенал.