Раул ги избра 16-те ракометари за дуелот со Словенија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот на најдобрата македонска ракометна репрезентација, Раул Гонзалез денес го објави конечниот список на 16 ракометари на кои ќе смета за натпреварот со Словенија.

Од финалниот список отпаднаа голманот Златко Даскалоски, левото крило Гоце Ојлески како и играчот од одбраната Велко Маркоски. Изоставањето на Ојлески и Маркоски делува доста изненадувачки.

Во составот ќе ги има младиот Мартин Велковски и Мартин Поповски кои ќе ги чекаат првите минути на големите натпреварувања.

Натпреварот со Словенија го играме утре со почеток во 19:30 часот.