Гризман заминува? Нема проблем за Атлетико!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во последно време се повеќе се пишува дека Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид, но не е познато кога ќе го направи тоа.

Гризман минатото лето беше на чекор од Јунајтед, но одлучи да остане во Мадрид, затоа што неговиот клуб до почетокот на оваа година немаше право да регистрира нови играчи.

Французинот во последно време се поврзува со Барселона која во лето може да ја активира откупната клаузула од 100 милиони евра. Интерес за него покажал и Ливерпул, но тешко може да се очекува дека тој ќе дојде во Англија.

Според медиумите, ова не е проблем за Атлетико затоа што замената за него ја гледа во Белоти.

Белоти неодамна потпиша нов договор со Торино во кој има откупна клаузула од 100 милиони евра. Тој во минатата сезона постигна 26 голови во 35 натпревари во Серија А.