Јувентус пред трансфер кој никој не го очекуваше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челните лица на актуелниот шампион на Италија сериозно размислуваат до крајот на преодниот рок да донесат барем едно засилување.

Како што пишуваат италијанските медиуми, „Старата дама“ покажала интерес за младиот напаѓач Кванг Сонг Хан кој во моментов игра во Перуџана позајмица  од Каљари. Наводно Јувентус веќе започнал преговори за овој играч од Северна Кореја и се би требало да биде завршено во наредните неколку денови.

Хан во дресот на Перуча на 17 натпревари во Серија Б има постигнато седум голови на кои додал уште три асистенции.  Младиот фудбалер е првиот играч од Северна Кореја кој заиграл во италијанската Серија А.

Се споменува дека Јувентус би го откупил неговиот договор од Каљари и потоа повторно би го вратил на позајмица во Перуџа да ја доврши оваа сезона.