Роналдо, може ли полошо? Ќе видиме денес!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако зборуваме за шампионатот, тогаш ова е најлоша сезона на Роналдо во кариерата. Откако пристигна во Реал во 2009 година и таа година кога стана стандарден во Јунајтед, тој во моментов навистина има очаен резултат, а тоа се само 4 голови за 1156 минути во лигата.

Првата година кога пристигна во Реал, Роналдо постигна 26 голови во 29 натпревари, а потоа навистина експлодираше, затоа што постигнуваше голови на секои 73 минути.

Така продолжи и во наредните години, отприлика по еден гол на натпревар, а во сезоната 2014/15 постигна неверојатни 48 голови во 35 натпревари во Примера.

Да не беше ЛШ каде што постигна 9 голови на 6 натпревари, никој не би го препознал во моментот.

Поради тоа, многумина го критикуваат Португалецот за неговата слаба игра.