Продажбата на Милан ја искористил за перење на пари?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата година беше бурна за Милан откако Берлускони го продаде клубот на кинезите.

Милан веќе неколку години е во криза, а така продолжи иако пристигнаа кинезите кои ветуваа подобри времиња. Берлускони го продаде клубот за неверојатни 720 милиони евра.

Преговорите на Берлускони и Ли беа премногу долги, но на крајот успеаа да се договорат.

Медиумите објавија денес дека Берлускони е под истрага, затоа што се сомнева дека тој „перел пари“ при продажбата на Милан. Берлускони објави дека го продал клубот за 720 милиони, но по се изгледа дека таа сума била за 300 милиони евра поголема, отколку што пријавиле.

Италијанската полиција ја започна истрагата, па се очекува наскоро да се разреши ситуацијата.