Официјално: Арда Туран си замина од Барселона и се врати во Турција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турскиот репрезентативец, Арда Туран и официјално си замина од редовите на Барселона и кариерата ќе ја продолжи во турскиот Басакшехир.

Туран оваа сезона не одигра ниту една минута во дресот на Барселона затоа што Валверде уште на стартот му даде до знаење дека нема да смета на него.

Турскиот фудбалер беше на мета на неколку клубови од Премиер лигата но на крајот се одлучи кариерата да ја продолжи во својата родна Турција.

Туран во Басакшехир ќе игра на позајмица до крајот на сезоната по што турскиот клуб ќе може да го откупи неговиот договор за следните две години.