Јувентус заинтересиран за играч на Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус планира во своите редови да го донесе играчот на Реал Мадрид, Дани Себалјос.

Како што пишува „Тутоспорт“ актуелниот шампион на Италија го посакува играчот за кого беше заинтересиран уште пред тој да се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Себалјос минатото лето се пресели на „Бернабе“ но не успеа да се наметне кај Зинедин Зидан и јавно даде до знаење дека сака да го напушти клубот уште во јануари.

Младиот играч кој беше избран за најдобар фудбалер на континенталниот собир за млади играчи до 21 година минатото лето, оваа година на 15 одиграни натпревари постигна два погодоци во дресот на „Кралскиот клуб“.