Драма во Загреб: Словенија и Германија ги поделија бодовите по контроверзен финиш


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентациите на Словенија и Германија вечерва во Загреб го одиграа најдраматичниот натпревар во досегашниот тек од Европското првенство. Конечниот резултат по крајно контроверзниот финиш беше 25:25.

Првото полувреме во целост припадна на Словенија која водеше од почетокот до крајот. Словенците од минута во минута го зголемуваа водството, имаа максимални плус шест, а на пауза заминаа со предност од пет голови (15:10).

Во продолжение Германија се врати во игра, а на девет минути до крајот стигнаа и до првото водство, 21:20. Сепак Словенците со серија од 3:0 го вратија водството во своите раце.

Германските ракометари не се предаваа и преку Хефнер и Горецки стигнаа до ново израмнување, а потоа на помалку од една минута беше досуден пенал за Словенија кој го реализираше Вид Кавтичник.

Во следниот напад Германија играше без голман и на 11 секунди до крајот на средбата преку Дукс го израмнија резултатот. Сите мислеа дека е крај, но Блаж Јанц со звукот на сирената погоди за 25:24 и голема радост за Словенија.

Сепак по прегледувањето на снимките и крајно контроверзната одлука на судиите, Благотиншек заработи црвен картон, а Германија доби пенал по што Тобиас Рајхман погоди за конечни 25:25.

Резултати:

Словенија- Германија 25:25

Унгарија- Шпанија 25:27