Четата на Раул продолжува да маршира, обезбеден пласман во следната фаза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија по денешната победа над Црна Гора (29:28) го зазеде првото место во групата Ц и си обезбеди сигурен пласман во следната фаза на континенталниот собир.

Македонија до победа стигна по одличното второ полувреме во кое предводени од Кузмановски успеавме да ја анулираме негативата од првиот дел, но и од првите десет минути во второто полувреме.

Во втората половина на второто полувреме стигнавме и до четири поени позитива, но на крајот мораше да се браниме за да ги обезбедиме двата бода.

Филип Кузмановски беше најефикасен во нашите редови со пет погодоци, додека Кире Лазаров, Манасков и Талески натпреварот го завршија со по четири постигнати погодоци. Одличен натпревар одигра и Филип Лазаров кој погодуваше или асистираше кога ни беше најпотребно.

Следниот натпревар Македонија го игра против Германија во среда со почеток од 18:15 минути, а веднаш потоа ќе се преселиме во Вараждин каде ќе ја играме втората фаза од Европското првенство.