Вардар отпатува за Анталија без неколку играчи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Експедицијата на Вардар денес замина за туристичкиот центар Анталија каде ќе ги одработи подготовките пред стартот на вториот дел од сезоната.

„Црвено црните“ ќе останат во Турција во следните три недели и ќе одиграат шест пријателски натпревари. Меѓу играчите кои заминаа во Анталија ги немаше Бобан Николов кој е пред трансфер во Видеотон, Висар Муслиу кој како слободен играч ќе си замине во Кипар, Белгија или Унгарија, како и Петар Петковски кој е пред трансфер во Академија Пандев.

Вардар ќе биде сместен во хотелот „Каја Палацо“, а денес ќе го одработи и првиот свој тренинг.