Шведска победи против Хрватска и ја израдува Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Шведска приреди вистинско изненадување совладувајќи го домаќинот Хрватска со 31:35 во една убедлива игра во текот на целиот натпревар.

Со оваа победа Швеѓаните ја израдуваа и репрезентацијата на Србија која ќе биде третиот учесник од групата А во главната фаза.  Шведска во следната фаза ќе пренесе четири бодови, Хрватска два, додека  Србија во новата група ќе стартува без бодови.

Хрватска во денешниот натпревар беше катастрофална во одбраната, а двајцата голмани им собраа само седум интервенции, од кои дури четири Стевановиќ одбрани во финишот на натпреварот кога се беше решено. Червар го остави Алиловиќ на трибините за овој натпревар и според многумина тоа беше главната причина за овој висок пораз на „коцкестите“.

Најпрецизен во редовите на Шведска беше Лагерген кој натпреварот го заврши со шест погодоци, а на спротивната страна најдобар беше Коплјар со пет голови.

Норвешка очекувано славеше против Австрија со убедливи 39:28 и во главната фаза ќе пренесе два бода.