Челси купува дефанзивец од Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Челси стапил во контакт со Рома за играчот од одбраната Емерсон Палмиери.

Антонио Конте посакува уште еден играч кој може да покрива на двете бековски позиции, а изборот паднал на 23 годишниот фудбалер на Рома. „Волчицата“ за него бара 20 милиони фунти, сума која наводно од Челси се согласиле да ја платат.

Палмиери имал желба да работи со Конте и посакувал трансфер во Челси иако за него постоел интерес уште од неколку клубови од европскиот крем.