Официјално: Тео Волкот нов фудбалер на Евертон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Евертон потврди дека Тео Волкот е нивни нов фудбалер откако играчот се обврза на верност со клубот во следните три и пол сезони.

„Карамелите“ на Арсенал за услугите на 28 годишниот фудбалер му платија 20 милиони фунти.

Волкот со Арсенал освои три трофеи во ФА Купот, а во неговата кариера запиша 396 натпревари во дресот на „Топчиите“ на кои постигна вкупно 108 голови.

„Многу сум возбуден што ќе стартувам ново поглавје во мојата кариера и мислам дека ова е вистинското место за мене. Почувствував дека е време да заминам од Арсенал, тоа беше тажен момент, но во исто време и возбудлив затоа што сакам да ја вратам мојата кариера и да помогнам Евертон да освои работи кои не ги освоил до сега“ –коментираше Волкот по потпишувањето на договорот.

Само Денис Бергамп (277) и Патрик Виеира (276) имаат повеќе настапи во Премиер лигата под водство на Венгер  за Арсенал од Тео Волкот.