Познат распоредот за главната фаза, Македонија прва во групата 2


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По денешната победа на Данска над Шпанија со 25:22 јасно е дека нашата репрезентација натпреварите во главната фаза ќе ги започне од првата позиција во групата 2.

По крајот на овој натпревар се комплетираше целата табела, а сега е познат и распоредот на натпревари кои ќе ги игра нашата репрезентација до крајот на главната фаза.

Најпрво на 21 јануари започнуваме со репрезентацијата на Шпанија, два дена подоцна ќе играме против Чешка, а последниот натпревар од групата ќе го имаме против Данска следниот ден.

Група 2

  1. Македонија 3
  2. Германија 2
  3. Данска 2
  4. Шпанија 2
  5. Чешка 2
  6. Словенија 1