Ја изненади јавноста: Перез пронајде замена за Бејл во Манчестер Сити


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона игра прилично полоши партии  во однос на минатите две години, кога екипата на Зидан освои се што можеше да се освои.

Кралскиот клуб е во лоша форма, а тоа го покажува чинот што Реал заостанува зад лидерот Барселона во Ла Лига дури 19 бодови. Јасно е дека во редовите на Кралскиот клуб на лето ќе има неколку промени, а веќе се шпекулира дека екипата сигурно ќе ја напушти Гарет Бејл и Карим Бензема.

Претседателот Флорентино Перез веќе има листа на неколку фудбалери кои ќе проба да ги донесе на крајот од сезоната. Денес се појави ново име кое ги изненади навивачите на овој клуб, а тоа дека Реал покажал интерес да го доведе Рахим Стерлинг.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Реал е спремен да го пушти Бејл на крајот од оваа сезона, а Перез верува дека фудбалерот на Манчестер Сити би бил идеална замена за него. Но, тука мора да се праша и Пеп Гвардиола, кој сигурно нема туку така да го пушти Стерлинг од своите редови.