Жоао Марио го одбил Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишува Скај Италија, играчот на Интер, Жоао Марио ја одбил понудата за шестмесечна позајмица во редовите на Вест Хем.

Интер го донесе Португалецот во 2016 година за 40 милиони фунти од редовите на Спортинг Лисабон, а оваа сезона Жоао Марио не е во прв план кај Лучијано Спалети.

Затоа од Интер прифатиле да го испратат офанзивниот фудбалер на позајмица во Лондон, но играчот одбил затоа што сметал дека заслужува да игра во поголем клуб од Вест Хем.