Батсуаи сигурно заминува од Челси оваа зима


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скај Спортс известува дека напаѓачот на Челси, Мичи Батсуаи со сигурност ќе замине од клубот оваа зима.

Белгискиот интернационалец ќе бара повеќе минути во Севилја или Вест Хем со цел да обезбеди место во репрезентацијата на Белгија за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Русија.

Севилја го посакува напаѓачот на шест месеци со можност за откуп, додека од Челси планираат да го вклучат Батсуаи во трансферот на Енди Керол. Конте го посакува Англичанецот во своите редови и за да ги обезбеди неговите услуги подготвен е да го испрати младиот голгетер на шестмесечен заем во Лондон.