Буфон „пукна“ под притисок, па се предомисли?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од сите страни пристигнаа големи притисоци и молби, а по се изгледа дека тој се предомислил.

Според информациите на италијанските медиуми, легендарниот голман кој во наредниот месец полни 40 години би можел да остане, не само ако Јувентус ја освои ЛШ, единствениот трофеј кој му недостига, туку и ако не се случи тоа.

Мотив има сеуште, а вториот голман на Јувентус брани добро додека Буфон е повреден.

Буфон изјави дека е војник на Јувентус и Италија, а очигледно дека молбите од Ањели и Недвед го натерале да се предомисли.

Ќе видиме што ќе се случи, но во Јувентус не се откажуваат и веруваат дека нема причина Буфон да не брани и во наредната сезона.