Валенсија ќе позајми уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Валенсија е заинтересирана во своите редови да го донесе играчот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан.

„Онда Серо“ пишува дека од таборот на Валенсија најпрво ќе се обидат да го донесат Италијанецот на позајмица, а потоа и целосно да го откупат неговиот договор.

За целосен откуп најпрво Матео Дармиан треба да се докаже на „Местаља“, но треба и играчот кој во моментов е позајмен во Интер, Жоао Кансело перманентно да се пресели на „Меаца“. Доколку Португалецот се врати во Валенсија ист би бил случајот и со Дармиан кој би се вратил на „Олд Трафорд“.

Сепак, Жозе Мурињо сака да го продаде Италијанецот и веројатно нема да се согласи да го испрати на позјамица без задолжителен откуп.