Стариџ заминува во Серија А, но не таму каде што очекуваа сите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој беше поврзуван со Наполи и Милан, но изгледа дека ќе заврши на неочекувано место.

Даниел Стариџ со сите сили сака да го напушти Ливерпул. Се наоѓа во втор план, а јасно е дека Клоп го форсира Фирмињо и место во тимот нема за Англичанецот.

Ливерпул би го пуштил Стариџ на позајмица со можност за откуп во Интер, а тоа на Италијанците им одговара. Тие би имале замена за Икарди, а ако навистина замине тој, тогаш Англичанецот би останал како замена.

Ливерпул за откуп би побарал околу 30 милиони евра, а веќе интерес покажаа Саутемптон и Вест Хем.