Еуфорија во Манчестер: Мурињо одобри враќање на Роналдо!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за ангажирање на одличниот фудбалер на Реал Мадрид, Роналдо.

Според медиумите, Португалецот сака да го напушти Мадрид поради проблемите со Перез.

32-годишниот напаѓач како идеално место за продолжување на кариерата го гледа Јунајтед.

Тренерот на Манчестер, Мурињо наводно веќе го одобрил трансферот на својот сонародник.

Овие двајца соработуваа во Реал од 2010 до 2013 година.

Кристијано Роналдо од 2003 до 2009 беше член на Манчестер Јунајтед, а во Мадрид се пресели за 94 милиони евра.